Никол Кидман го бакна актерот во уста пред нејзиниот сопруг
Никол Кидман на црвениот тепих на Еми наградите се појави заедно со нејзиниот сопруг, Кит Урбан, но целото внимание го привлече со Александар Скарсгорд – „замислениот сопруг“ од серијата „Big Little Lies“.
Откако Скарсгорд ја доби наградата, Никол го бакна во уста актерот со кој заедно глумеа во серијата.
Ова секако не значи ништо, но сепак е малку чудно и непријатно, со оглед на тоа што тоа се случи пред очите на нејзиниот вистински сопруг Кит Урбан.
А, можеби и за нив не е толку чудно, бидејќи додека го гледаше тоа, тој се смееше и ракоплескаше.