Еве каде живеел Северин, убиецот на бугарската новинарка Маринова
Ова е куќата во која живеел Северин заедно со сопругата и тетка му. Тој е обвинет за убиство на новинарката Викторија Маринова од Русе. Телото на жената било најдено во сабота около 14.00 часот.
21 годишниот Северин Красимиров вчера е уапсен во Германија. Неговите соседи раскажуваат дека немало проблеми со него, до овој момент. Велат дека често одел во Германија, каде подработувал , а потоа се враќал дома. Од недела знааат што се случило. Меѓу соседите тој е познат под прекарот Селадин. Со потекло е од Турција. За бугарската телевизија Нова, мештаните велат дека такво ѕверство Ром никогаш не би направил.
Според информациите , Северин се скарал со братучедите и затоа живееел со тетката. За телевизијата, анонимно сведочеше и еден сосед, кој во недела се вратил во Русе од Германија и дознал што се случило. Веднаш , вели тој, по неговото враќање, Северин заминал во Германија, во градот Шаде, 60 км од Хамбург.
Во куќата на тетката се пронајдени личните работи на новинарката Викторија Маринова за кои беше објавено дека се украдени, а пронајдени е и облека на Северин,на која е откриено ДНК на жената.
Според информации на БТВ, локалното население е уплашено дека можат да бидат нападнати и поради тоа ги селат децата од квартот.