Најмладата најбогата Американка, раскажува за нејзините животни подеми и падови
Списанието “Forbes 400” на почетокот на овој месец ја прогласил за најмлада жена на листата на најбогати Американци, но животот за богатата наследничка Линси Снајдер, не бил секогаш мазен.
Оваа 36-годишна жена тешка повеќе од 3 милијарди долари се разведувала 3 пати, го изгубила својот татко кој се предозирал со лекови во 1999. година, но и самата се соочила со зависност.
Претседателката на управата и единствена наследничка на ланецот за брза храна “In-N-Out” ја краси насловната страна на посебното издание на списанието “Forbes 400”, во кое се отворила за мрачното минато но и открила како не планира да го шири својот бизнис на источниот брег на САД.
Моментално мажена за четвртиот сопруг, Шон Елингсон, Линси вели дека подолгата листа на грешки со мажи ја принудила да биде “силна жена” за каква што се смета денес.
Нејзиниот прв брак траел три години, а се омажила со момчето од средно училиште. Потоа во 2004. година се омажила за Ричард Мартнез, со кој има две деца, но нивниот брак завршил во 2011. година.
До 2004. година веќе била зависна од алкохол и марихуана.
“Тоа беше црна фаза во мојот живот. До 22 години веќе беше готово”, рекла таа за “Forbes”.