Моторџијата почина , бремената сопруга се бори за живот

Тетовчанецот Гоце Д. почина од тешките повреди на главата по вчерашниот судар со џип кај Млечен во Скопје. Имал фатални повреди на главата оти не носел кацига,  објави Досие.мк

Фото: dosie.mk
Неговата сопруга Наташа Д. адвокатка која неофицијално од семејство дознаваме дека чекала принова се уште во критична состојба. Лекарите и ги оперирале нозете на кои има огромни повреди и загуба на крв од телото. Таа носела кацига во моментот на ударот.
Полицијата истражува зошто возачот завртел на семафор во завранет правец и така им го пресекол патот на Гоце и Наташа и ги покосил.

Translate »