Коѕијас поднесе оставка- Ципрас ќе ја преземе и неговата функција

Премиерот  Ципрас  му се заблагодари на министерот за надворешниработи Коѕијас  за неговиот 3,5 годишна соработка ,и ја прифати неговата оставка. Ципрас соопшти дека тој ќе го преземе ресорот по заминувањето на Коѕијас,.

Одлучив да го преземам министерството за надворешни работи  ќе направам се што е во моја моќ да обезбедам  успешно спроведување на историскиот догвор од Преспа,  со која ќе ја засилам меѓународната улога на Грција.

Оставката  на  Коѕијас уследи еден ден по тензичлната владина седница на кој тој беше мета на остри напади од страна на министерот  за одбарана Каменос.  Извори  од владата за Катимерини откриваат дека Коѕијас бил навреден од односот на Ципрас кој не го одбранил од критиките на коалициониот партнер.  Во текот на седницата Каменос  го обвинил Коѕијас за лош менаџмент на тајните фондови на министерстовот за надворешни работи, но и дека е  чивек на амеиканскиот магнат Џорц Сорос.  Сепак грчките медиуми пренесуваат дека веќе неколку месеци меѓу министерот за надворешни работо и премиерот имало тензии и `разлики во справување со прашања од нациоанлен интерес, но сето тоа било  буткано по килим.

Сега најголемо прашање е дали оваа криза во владата ќе порасне во големи размери, и дали ќе има нови оставки и афтершокови по  заминувањето  на Коѕијас , анализираат медиумите.

Translate »