Како да се намали потрошувачката на гориво?
Независно колку сте голем вљубеник во возењето или не, сепак за секого е важна намалената потрошувачка на гориво.
Во прилог се неколку совети, до кои доколку се придржувате ќе обезбедите значајни заштеди:
- Внимавајте на притисокот на пневматиците бидејќи не само што тој влијае на потрошувачката на гориво, дополнително влијае и на трошењето на пневматикот, и секако на безбедноста на возењето. Истовремено сообраќајните експерти советуваат и да се изберат гуми кои ќе бидат соодветни за автомобилот и на временските услови, односно да се користат зимски гуми во зимски период, и обратно.
- Следете го сообраќајот пред Вас. Наместо запирање во последен момент и остри забрзувања, предвидувајте го сообраќајот и отпуштете ја педалата за гас навреме.
- При патување избегнувајте непотребни работи во возилото. Дополнителна тежина значи и дополнителна потрошувачка.
- Немојте да возите со отворени прозорци, бидејќи тоа значи и зголемување на коефициентот на отпор на воздухот, односно ќе треба повеќе енергија за истата брзина. На автопат отворениот прозорец може да донесе и до десет отсто поголема потрошувачка.
- Исто така многу е важно еднаш месечно да се прави и контрола на гумите и тоа на: нагазниот слој на тркалата, центрирањето и нивната ротација, со цел да се продолжи животниот век на гумите, и да се има повисоко ниво на безбедност, и помала потрошувачка. Гумите кога се во добра состојба даваат сигурност и стабилност во возењето, овозможуваат навремено да се закочи и брзо да се реагира особено во отежнати временски услови. Затоа треба да бидат квалитетни, да се набавени од овластени компании кои обезбедуваат и гаранција за квалитетот. И секако, за безгрижно возење, гумите нека бидат осигурани.
Во компанијата Транзит дооел која e една од првите фирми во Македонија која се занимава со увоз, дистрибуција и продажба на пневматици на територијата на Македонија, и која е овластен увозник за Македонија на пневматиците од програмата на GOODYEAR групацијата: Goodyear, Dunlop, Fulda, Sava, Debica, можете да купите квалитетни гуми по поволна цена, да закажете бесплатна проверка, како и промена на пневматиците, а летните гуми да Ви ги чуваат.
Од вработените со долгогодишно искуство и стручни обуки
ќе ги добиете најдобрите совети, независно дали Ви требаат патнички, полутеретни или теретни пневматици. Јавете се на 02 3117 010 , 070 305 787; contact@tranzit.com.mk;