Доаѓа песок од Сахара, температури и до 30 Целзиусови степени

Под влијание на силно јужно и југозападно воздушно струење пред нас се денови кога атмосферата ќе биде исполнета со прашина и со песок од Сахара, токму ова ќе услови и невообичаено високи температури на воздухот кој на почетокот од ноември ќе се искачуваат во интервалот дури од 22 до 28 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 30 степени, очекуваните температури се повисоки од нормалните дури и за повеќе од 10 степени, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.

Времето ќе биде променливо облачно а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на претстојната ноќ како и утре изутрина претежно во западните и северните предели ќе има услови за повремен локален дожд, повремен локален дожд исто така повторно се очекува во вторник.

Translate »