(Видео/фото) Во Истанбул отворен најголемиот аеродром во светот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера го отвори новиот аеродром во Истанбул, Istanbul Yeni Havalimani, кој е најголем во светот.

Аеродромот почнува со работа. „Се надевам дека аеродромот ќе му користи на нашиот регион и на целиот свет“, рече Ердоган. Аеродромот се наоѓа во европскиот дел на Истанбул, предвидено е да опслужи 90 милиони патници годишно, а 200 милиони кога целосно ќе биде завршен за 10 години.

 

Се очекува до кајот на годинава околу 250 авио превозници со речиси 2.000 авиони да летаат до повеќе од 350 дестинации. Има паркинг на 500 авиони, шест авионски писти, што ќе значи и крај на сегашните гужви на веќе стариот Ататурк Аеродром.

Ова е трет аеродром во Истанбул. Аеродромот „Ататурк“, кој е еден од најпрометните во Европа, на крајот на годината ќе биде затворен за редовни комерцијални летови што ќе ги преземе новиот аеродром. Првото патување од новиот аеродром ќе биде на 31 октомври кон Анкара, а првиот меѓународен лет ќе биде за Северен Кипар.

Неговата изградба почна во јуни 2014 година, а сега е завршена првата од вкупно четири фази на изградба.

Зад овие револуционерни пристапи во модерното градежништво стои конзорциум на компании меѓу кои и Лимак Холдинг, светски докажана и наградувана компанија со седиште во Турција. Лимак Холдинг стои и зад изградбата на Аеродромот во Приштина “Адем Јашари“, за кој проект доби 4 престижни, интернационални награди за општествена одговорност и животна средина.

Основана во 1976 година, Лимак Холдинг поставува силно посакувани, високи стандарди во областа на градежништвото, туризмот, хотелиерството и  инфраструктурата. Компанијата гради капитални објекти во повеќе од  10 земји во светот, а на радост на македонската јавност и градот Скопје се најде на листата инвестиции. Во Скопје започна со изградба на гради современ, атрактивен, мултифункционален комплекс Лимак Diamond лоциран зад Музеј на град Скопје, долж  просторот помеѓу булеварот Св.Кирил и Методиј и улицата Јордан Мијалков.

Изградбата на аеродромот чини 10,5 милијарди евра. Кога целосно ќе биде завршен, ќе се простира на површина од 7.659 хектари, што е околу 76 квадратни километри и ќе има шест писти со капацитет за 500 авиони. На новиот аеродром ќе биде изграден и најголемиот светски трговски комплекс без царина. Ќе има и 70.000 паркинг-места.

 

Translate »