Карина има само 8 години, а во нејзина чест е подигнат споменик
Карина Чикитова и нејзиното куче Надја се вистински легенди во руската република Саха. Таа има само 8 години, но во нејзина чест има подигнато споменик на аеродромот во градот Јакутцк, во Сибир. На 4 годишна возраст Карина се изгубила во тајгата и со помош на своето кутре успеала да преживее во дивината цели две недели.
Девојчето низ шумата одело со татко и кога залутала. Мештаните и спасувачките екипи веднаш организирале потера, но откако не можеле да ја најдат во првите денови, родителите почнале да губат надеж, бидејќи тајгата е живеалиште на опасните мечки.
Конечно, по две недели, Карина била пронајдена. Нејзиниот спасувач, Артјом Борисов раскажува :” Девојчето седеше во купиште трева, тивка и не мрдаше. Не ја ни забележав, отпрвин. Кога ме виде, само ми ги подаде рацете. Ја кренав , така малечка, лесна како пердув, на нозете немаше ни кондури. Нејзиното лице , рацете и нозете беа покриени со крв, беше преплашена. Низ солзи побара вода и храна. Плачеше таа, а да бидам искрен, плачев и јас”.
Спасувањето на Карина во сибирската тајга
Малата Карина успеала да преживее јадејќи капини и пиејќи вода од блиската река.
” Me спаси Надја, моето куче, многу бев исплашена. Но, кога заспивав ќе си ја гушнев мојата Надја и таа ме топлеше, раскажа девојчето.
Кучето останало со девојчето девет дена, кога избегало и се вратило во селото.Токму Надја тоа ги алармирала трагачите дека девојчето се уште е живо, така што тие продолжиле со интензивното пребарување на теренот, полн со диви животни. Првите зборови на Карина по враќањето дома беа упатени токму на нејзиното милениче : ” Зошто ме остави сама?” Но, спасувачите велат дека токму кучето е заслужно што детето е најдено живо.
Карина е горда и на споменикот во нејзина чест.” Малку кој има споменик на моја возраст- вели таа гордо. ” Па и си личиме, особено Надја “, вели Карина , 4 години по нејзината авантура , која среќно заврши.
Карина оди во училиште, а напоредно вежба балет. Нејзина желба е да игра во Лебедовото езеро на големата московска сцена. Свира и пиано, а во декември ќе наполни девет години.