Со јогурт против пароденталната болест
Млекото и млечните производи претставуваат важен сегмент во исхраната, а според препораките на нутриционистите, децата на возраст од две до 11 години би требало да конзумираат два до три оброка од групата “млеко и млечни производи” дневно. Покрај тоа што е здрав и вкусен, јогуртот претставува вистински природен извор на калциум и на лесно сварливи белковини кои се важни за правилниот раст и развој, како и на корисни бактерии за рамнотежата на цревната микрофлора.
Но, Јапонските научници неодамна откриле дека јогуртот и другите производи кои содржат млечна киселина, се благотворни и за устата на возрасните. Истражувачите од Универзитетот Кјушу во Фукуоки утврдиле дека јогуртот и другите напитоци богати со млечна киселина имаат позитивни ефекти на здравјето на жлебината или гингивата. Нивната употреба особено се препорачува како превентива за хроничните бактериски заболувања кај повозрасните лица – пароденталната болест која се манифестира со слабеење на гингивата и испаѓање на забите. Јапонското истражување било извршено на 942 мажи и жени на возраст од 40 до 79 години. Научниците утврдиле дека 55 грамски јогурт во дневната исхрана успешно го решава проблемот со гингивата, секако во пакет со редовното миење на забите и употребата на на забниот конец.