Никола Јокиќ го одигра најдобриот натпревар во сезоната 2018/2019.
Центарот на Денвер Нагетс го оствари рекордот на сезоната во број на постигнати поени и број на скокови.
Јокиќ за само 33 минути на натпреварот против Бруклин Нетс оствари учинок од 37 поени (14/22 од игра, 8/10 слободни) и 21 скок, како и три асистенции и два блока.
За жал, неговата игра не беше доволна за победа на неговиот тим и Бруклин славеше благодарение на кошот во последна секунда што го постигна Карис Леврт.
По одиграни 12 натпревари, Денвер Нагетс имаат скор од 9/3.