Струмичките активисти протестираа против изградбата на рудникот Иловица

Граѓанските активисти од иницијативата Здрава котлина денеска повторно побараа да се стопира изградбата на рудникот за бакар и злато Иловица преку мирен протест и двочасовна блокада на една од главните улици во Струмица.

Активистите побараа од Владата да ја одземе концесијата и, како што рекоа, веднаш да го стопира злото кое се надвиснува над најземјоделскиот регион во Македонија, бидејќи нивното трпение е при крај.

Активистите тврдат дека концесионерот две години е во незаконски дејства, бидејќи уште  од 2016 та година им е истечен рокот за обезбедување на сета документација за рудникот да почне да работи. Исто така побараа од пратениците во парламентот да ги усвојат

измените на Законот за металични минерални суровини.

Со реакција на денешната блокада се јави и компанијата Еуромакс Ресурсис, како концесионер на рудникот Иловица. Во писмена изјава компанијата наведува дека ги поддржува сите невладини здруженија и активности организирани согласно домашната законска регулатива и ја поздравува секоја активност за заштита наживотната средина и здравјето на луѓето. Но, според компанијата, тоа не мора да биде на сметка на добросостојбата и просперитетот на локалната заедница.

Фото: МИА

Translate »