Ќе биде ли Груевски првиот македонски премиер кој ќе заврши во затвор?

Одењето зад решетки за пратеникот Никола Груевски е неизвесно сеуште.

Денеска по трет пат на врата на екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој е можно да стане првиот македонски премиер кој завршил во затвор, ќе му тропне судскиот доставувач кој ако не го најде на адреса по лична карта , решението за одење в затвор ќе му го даде во судските ходници но дури во среда.

Како што пренесуваат дел од медиумите Груевски веројатно ќе добие уште еден или два дена пред да замине во затворот во Шутка.

14 ноември е датумот кога Груевски треба да се појави на суд за случајот „Титаник“ и ќе мора да дојде инаку ќе биде спроведен присилно.

За „Независен“ пак од судот рекле дека ако востановат дека Груевски намерно го избегнува да го прими решението, ќе се бара присилно приведување од МВР или распишување на потерница.

Кривичниот совет на одделечнието за организиран криминал и корпуција на Основниот суд во Скопје, ја одби жалбата на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението за извршување затворска казна за екс премиерот и поранешен лидер на актуелната опозиција.

Груевски во затвор треба да се јави поради издржување на двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес.

Претходно, Собранието не му го одзеде мандатот на пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, а за гласаа 58 пратеници, додека 27 се изјаснија против/

За да останеше без пратеничкиот мандат беше потребно двотретинско мнозинство до 80 пратеници.

Translate »