Деветнаесет години од загинувањето на бранителите кај Вејце
Хероите никогаш не умираат, тие вечно живеат во нашите животи, е пораката која ја истпрати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на одбележувањето на 19 – годишнината од загинувањето на бранителите кај тетовско Вејце.
Тој заедно со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедниост Сашо Тасевски, придружувани од претставници на други организациони единици на МВР, денеска во Битола, пред споменикот „Ангел” како и во кругот на СВР Битола, со положување на цвеќе ја одбележаа херојската смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола – Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица “Волци” – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година.
На комеморативното одбележување на трагичното загинување на овие македонски херои учествуваа и претставници на локалната самоуправа на Битола, на политичките партии како и на семејствата на загинатите бранители.
Министерот Чулев во обраќањето нагласи дека Министерството за внатрешни работи, во рамки на своите можности ќе остане отворено за семејствата на загинатите бранители, за бранителските организации, секогаш да им излезе во пресрет на нивните барања и потреби.