Sky Bar Панорамика – бидејќи секој момент е вреден за паметење!

Ако барате место со спектакуларен поглед, одлична храна и романтична атмосфера, Sky Bar Panoramika е изборот! Сместен на кровот на хотелот Panoramika, овој ресторан нуди спектакуларен панорамски поглед на градот, создавајќи романтична и елегантна атмосфера.

Гостите често го опишуваат како ресторан кој овозможува “задоволство за сите сетила” – место со модерна и стилска декорација, големи прозорци кои овозможуваат неограничен поглед на Скопје, и пријатна атмосфера која е идеална за романтични вечери или специјални прослави.

Ресторантот нуди комбинација на македонска и медитеранска кујна со современ пристап. Гостите посебно ги фалат пастите, салатите и десертите како “чоколаден сон” и крем бруле. Вреди да се спомнат и специјалитети од свежо месо, најдобриот бифтек, риба, традиционални македонски јадења и се друго што посетителите можат да посакаат!

“Sky Bar Панорамика ” е модерен ресторан идеален за склучување бизнис договори, за оставање впечаток пред партнерите и соработниците, за започнување љубовни приказни, за создавање пријателства. Место за родендени, за семејни прослави за забава и за уживање!

Во “Sky Bar Панорамика”  секое дружење се претвора во позитивно искуство. Животот е краток за да не уживаме секој момент во него!

#SkyBarPanoramika #СкопјеОдВрвот #МоментиЗаПаметење

Translate »