Грујевски и Бошковски уапсени во Солун
Поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски , обвинети во случајот Тврдина од страна на Специјалното јавно обвинителство се уапсени во Солун, Грција.
Тие се приведени по меѓунароната потерница откако поминаа три месеци во бегство.
На поранешниот началник на Петта управа Грујовски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошковски им беше одреден притвор на 18 јули, откако Врховниот суд по повеќедневно пролонгирање им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд, а го потврди и скопска апелација. Судското рочиште за предметот „Тврдина“ веќе започна, а нив им се суди во отсуство.
СЈО обвини вработени во УБК дека во 2015, непосредно по објавување на опозициските „бомби“, уништиле докази за прислушувањето. Првообвинет во овој случај е поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујевски, а заедно со него и шест вработени во Управата.