Топ 10 ликови од ТВ сериите, кои изминативе 10 години ги гледавме на МаxTV
Телевизијата е несомнено еден од најголемите пронајдоци на човештвото досега. Со сите свои нијанси, овој мас-медиум нѐ маѓепсува, информира, скандализира и забавува од денот кога за прв пат влегол во нашите домови, па сѐ до денес.
Наречена и чудо на дваесеттиот век, овој медиум има клучна улога во социјализацијата, бидејќи ни овозможува да бидеме во чекор со времето и настаните, да развиеме чувство на припадност кон одредена средина, како и барем за момент да избегаме од стресот и динамичното секојдневие.
Она што фасцинира кај телевизијата е што ги сплотува сите уметности во едно и нѐ води на едно аудиовизуелно патување кое ги засега речиси сите сетила.
Седмата уметност на подвижни слики е дел од нашето секојдневие повеќе од еден век и како медиум ни овозможила „во живо“ да засведочиме многу важни моменти од историјата и денешницата.
Последнава декада во телевизиската индустрија ја одбележаа сериите. Веќе десет години тие се во огромен подем, а бројот десет секогаш значи некоја пресвртница и промена на подобро, момент на созревање, еден чекор напред. Којзнае што следно нѐ очекува?
По повод десетгодишниот роденден на најдобрата телевизија во Македонија – МаxTV, издвојуваме листа од десет ликови од сериите со кои сме живееле во текот на годините. Некои од нив ги сакаме, со некои се поистоветуваме, некои ги цитираме, некои ни се несимпатични, но сепак едвај сме го чекале моментот да се свиткаме покрај телевизорот со пуканки и да се изгубиме во светот на нашите протагонисти.
- Тони Сопрано
Тони Сопрано е измислен лик и протагонист во серијата на HBO „Сопранови“, портретиран од актерот Џејмс Гандолфини. Италијанско-американскиот лик е шеф на улиците и во текот на целата серија се бори да ги балансира спротивставените потреби помеѓу неговата вистинска и мафијашката фамилија. Тој често покажува карактеристики на однесување типични за насилен социопат, но исто така се бори и со депресија и е склон кон панични напади. И ликот Тони Сопрано и перформансот на Гандолфини се здобија со широко распространето критичко признание, а Сопрано често се смета за еден од најголемите и највлијателните ликови во телевизиската историја.
- Денерис Таргариен
Денерис Таргариен е фиктивен лик во една од најпознатите телевизиски серии досега „Игра на тронови“. Таа е портретирана од актерката Емилија Кларки и е еден од најпопуларните ликови во серијата. Денерис е еден од последните два преживеани члена од семејството Таргариен кое владеело со Вестерос од Железниот престол речиси триста години.
По смртта на нејзиниот немилосрден брат, таа станува наследник на династијата Таргариен и планира да се врати на Железниот престол. Таа е мајка на три змејови која, и покрај нејзиниот силен морален компас, способна е безмилосно да се однесува со своите непријатели. Откако се воспоставува како моќен и немилосрден владетел, таа плови кон својата татковина Вестерос, решена да владее со Седумте кралства.
- Џејмс МекНалти
Џејмс МекНалти е фиктивен лик од телевизиската драма „Жица“ на HBO, портретиран од актерот Доминик Вест и е детектив во полицискиот оддел за наркотици во Балтимор. Иако е талентиран и детерминиран детектив, тој е ексцентрик кој тврди дека е поинтелигентен од неговите колеги, често го игнорира синџирот на команда и редовно го навлекува гневот на неговите претпоставени. Кога не работи, води нередовен живот и често има проблеми со исплаќање алиментација, алкохолизам и нестабилни меѓучовечки односи. Тој е од клучно значење во сите успешни и врвни операции кои се одвиваат во борбата против наркотици во рамките на серијата.
- Рагнар Лотброк
Игран од актерот Тревис Фимел е протагонист во серијата „Викинзи“. Првично земјоделец, викинг Рагнар Лотброк знае за себе дека сака нешто повеќе од животот и тврди дека потекнува од богот Один. Тој станува главен владетел на градот Категат откако го предизвикува и го убива претходниот, безмилосен владетел Харалдсон. Тој исто така е бестрашен воин, напаѓа и открива нови територии за на крајот да стане крал на тогашна Данска. И покрај неговата репутација за безмилосност и бруталност, тој е љубопитен човек подготвен да учи за другите култури. Овој карактер е основан на легендарниот Рагнар Лотброк.
- Елиот Алдерсон
Елиот Алдерсон е протагонист во мега-популарната серија „Господин Робот“. Тој е инженер за сајбер-сигурност и хакер кој живее во Њујорк. Елиот страда од социјално анксиозно растројство, клиничка депресија, делузии и параноја. Неговиот внатрешен живот се открива преку наратор кој ни дава увид во неговата ментална состојба, мислењата на луѓето што ги среќава и она што се случува околу него. Овие дијалози со публиката се дизајнирани да ни помогнат да го толкуваме светот на Елиот, но со оглед на неговата ментална болест, тој е несигурен раскажувач, оставајќи нѐ несигурни дали она што ни го кажува е навистина она што, всушност, се случува.
- Оливија Данам
Оливија Данам е главен протагонист од научната – фантастика „Фринџ“. Креатор на серијата е легендарниот Џ.Џ. Абрамс, а ликот е портретиран од актерката Ана Торв. Оливија е специјален агент на ФБИ во Одделот за домашна безбедност на САД. Одделот е наречен „Фринџ“ и се занимава со натприродни појави, поврзани со несекојдневни експерименти. Оливија се бори со неочекуваните промени во нејзиниот живот, по нејзината средба со ментално нестабилниот, но генијален научник Волтер Бишоп и неговиот син кој кај неа буди љубовен интерес – Питер Бишоп.
По линија на заговор во втората сезона, гледачите се запознаваат со двојникот на Оливија од паралелниот универзум, каде што секој од ликовите постои во алтернативна реалност.
- Џек Донахи
Џек Донахи е фиктивен лик од урнебесната комедија „30 Рок“ кој го толкува легендарниот Алек Болдвин. Ликот и серијата се креирани од познатата комичарка Тина Феј. Џек е потпретседател на еден од најпознатите телевизиски канали и ѝ е шеф и личен ментор на Лиз Лимон портретирана од Тина Феј. Како што напредува серијата, нивниот однос се развива и се менува, за на крајот од серијата да откриеме дека тој и Лиз се комплементарна спротивност, опозициски изразена преку различна родова, социјална и енергетска динамика.
- Долорес Абернети
Долорес Абернети е портретирана од актерката Еван Рејчел Вуд и е еден од централните ликови во серијата која го потресе светот „Вестворлд“. Таа е најстариот домаќин кој работи во паркот Вестворлд каде што богаташи од целиот свет доаѓаат да се забавуваат со роботите кои личат на луѓе. Приказната на Долорес е дека таа е ќерка на ранчер, која на крај открива дека целиот нејзин живот е конструктивно изградена лага. Нејзината естетика влече влијанија од сликарството на Ендрју Виет како и Алиса на Луис Керол. Долорес е накратко прикажана од Теса Томсон во втората сезона откако ја пренесува својата свест во ново тело.
- Расти Спенсер
„Раст” Кол е измислен лик од првата сезона на антологиската крими-драма (телевизиска серија) „Вистински детектив“ на HBO. Тој е портретиран од легендарниот актер Метју Меконахи. Кол работи како детектив за Државната единица за убиства во Луизијана, заедно со неговиот партнер Мартин -Марти Харт. Сезоната ја следи макорпната потрага на Кол и Харт по сериски убиец во Луизијана, во текот на 17 години. За оваа улога, Метју Меконахи ја освои наградата за избор на критичарите за најдобар актер во сериски драми.
- Мајкл Скот
Тој е фиктивен лик од американската верзија на ултра-популарната британска серија „Канцеларијата“, портретиран од Стив Карел, базиран на Дејвид Брент од британската верзија на истоимената серија. Мајкл е централен лик кој е регионален менаџер на гранката од позната фирма за дистрибуција на хартија. Тој е бизарен и неверојатно смешен лик, кој помогна американската верзија на „Канцеларијата“ да ја достигне истата слава како и британската насекаде низ светот.