Кои се најбогатите министри и градоначалници?
Најбогатите пет министри во Македонија, тежат над 35 милиони евра. Станови, деловни простории,куќи во странство, луксузни возила, скапи часовници се само дел од имотната сопственост на членовите на Владата.
На врвот на листата најимотни е вицепремиерот Кочо Анѓушев кој теши скоро 31 милиони евра.
Според податоците од проектот ПЕП на Скуп Македонија и нивните официјални документи објавени на веб-страната на Државната комисија за спречување корупција тој меѓу другото поседува:
Имот на Кочо Анѓушев според ПЕП:
- Стан во Белград
- Куќа во Грција
- Деловен простор и станови во Македонија
- Златен накит, часовници, уметнички слики
- Масерати ГТ
- Порше Кајен
- Мини Кантримен
- Моторен чамец Регал
Во златната тројка на најимотни министри зад Анѓушев се Бекташи и Лика кои според податоците се побогати од премирот Заев. Бекташи тежи над 2 милиони евра , Лика над 1. Тие и нивните блиски роднини поседуваат куќи во Албанија, станови во Швајцарија, дуќани во Приштина.
Во топ 5те најбогати функционери во Владата се и министерот за надворешни работи Никола Димитров и премиерот Зоран Заев.
Заев, според податоците не поседува имот на негово име. Тој пријавил дека има само побарувањето од 69.919 евра. Орочениот девизен депозит од 7.243 евра е на неговата сопруга, додека пак, 26.801 евра им припаѓаат на децата.
И првите луѓе на општините, не се за жалење. На врвот на пирамидата на најбогати градоначалници е Ратко Димитровски од Кочани кој поседува имот во вредност од скоро 4 милиони евра, веднаш зад него се Фатмир Изаири од Желино со околу 2 милиони и Енвер Пајазити од Брвеница со еден и пол.