Концерт на Махајана Деви вечерва во,, Јавна соба,,
На 18 ноември во „Јавна соба“ во Скопје,ќе се одржи промоција на деби албумот “On the Wings of Love” ,авторски мантри на Махајана Деви ,музичарка од Македонија која живее и создава во Швајцарија.
На промоцијата концертно ќе бидат изведени спиритуалните песни и мантри на авторката , во придружба на професионални музичари од Македонија и Швајцарија ( Оле Здравковска – виолина, Љупка Манчевска Каевиќ – виолончело, Јоана Ристевска – класична гитара, Деа Плевнеш – ударни инструменти и Нарајан – акустична гитара.)
Специфично за музиката на Бети Шрајбер, која твори под уметничко/спиритуалниот псевдоним Махајана Деви , се елементите на македонската традиционална музика и типичните македонски ритмови, прелеани во класични инструменти.
“On the Wings of Love” веќе беше промовиран во Пула – Хрватска и во Констанц – Германија .
Махајана Деви 20 години е во светот на музиката. За неа пеењето е терапија за душата , со кое допира до најсуптилните делови на слушателот. Голема благодарност упатува до нејзиниот духовен учител Аба Азиз Макаја со чија подршка и охрабрување го создаде нејзиното првенче “On the Wings of Love”.