Зошто треба да пиете црвено вино?
Опоен мирис, богати вкусови и боја – Французите би рекле, дека нема ништо подобро од чаша црвено вино. А, за оние кои го обожаваат овој префинет пијалак, има добри вести – тој е и здрав. А љубителите на квалитетно црвено вино од македонија и регионот имаат уште една причина повеќе да го сакаат, бидејќи од Македонија од Повардарието доаѓаат најдобрите и најквалитетните вина.
Посебно би ги истакнале црвените вина од Бовин, кои години наназад се меѓу најбараните вина во светот. Црвеното вино Вранец My Way 2011 од Бовин беше прогласено за едно од најдобрите на светот освојувајќи највисоко златно признание на интернационалниот вински натпревар одржан во Рочестер, Њујорк. Неговиот полн богат вкус со комплексни ароми на црно зрнасто овошје, во комбинација со чоколадни тонови, одлежано во дабови буриња предизвика силни емоции и вистинско задоволство.
Научниците откриваат дека ресвератолот кој го има во црното вино нè штити од многубројни потенцијални проблеми. А, покрај оваа супстанца, постојат и други компоненти кои исто така, го штитат нашето тело од цела низа проблеми.
Во Франција, многу мал број на луѓе страдаат од онколошки и кардиоваскуларни болести, и покрај тоа што нивниот начин на исхрана ги прави склони кон таков тип на заболувања.
Докторите тоа го нарекуваат „француски парадокс“ и веруваат дека зад тоа стои фактот дека Французите го обожаваат црвеното вино.
9 причини заради кои и вие ќе го засакате црвеното вино, секако, доколку го пиете умерено: