Сашо Мијалков е во притвор
На Сашо Мијалков му е одреден 30 дневен притвор , потврди Специјалното јавно обвинителство.
Мијалков во моментов се спроведува во затворот во Шуто Оризари по на барање на СЈО, откако судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 попладнево му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Поранешниот директор на УБК , Сашо Мијалков е обвинет во неколку предмети на СЈО како „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.