Додека Скопјани купуваа на „Блек фрајдеј“, пајаци им ги дигаа автомобилите

Додека Скопјани купувале на попуст за „Блек фрајдеј“ (Црн петок), пајак-службата кренала 21 непрописно паркирано возило вчера околу Skopje City Mall.

– Во периодот од 19.00 до 23.00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај преземени се мерки за непрописно паркирани моторни возила на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол“ во Скопје со цел  овозможување нормално одвивање на сообраќајот – се вели во соопштението на Градски паркинг.

Подигнати се 21 моторно возило  со специјално возило ,,пајак“, врачени се 26 мандатни платни налози и тоа: седум платни налози за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар,зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште

Скопјани постојано се жалат дека на крстосницата на Партизански одреди помеѓу Skopje City Mall и Карпош 4 има постојано сообраќаен метеж, а купувачите ги закрчуваат улиците во маалските средини. Особено синоќа прометот беше огромен.

 

Translate »