Пакомак: Селектирањето на стаклениот амабалажен отпад е во раст

Според податоците на Пакомак навиките за селекција на стаклена амбалажа од година во година покажува значаен пораст и даваат одлични резултати. Во Р.Македонија на годишно ниво се генерираат околу 100.000 тони отпад од пакување од кои околу 18% е стакло како неповратна амбалажа односно 18.000 тони.

„До пред само две години количините на стаклен отпад завршуваше во депониите кои што имаат ограничен капацитет, но на наша иницијатива оваа слика денес е сменета и можеме да се пофалиме со значајни резултати и подобрувања на ова поле, па така активностите на Пакомак во однос на стаклото кое што во последниве месеци го собираме е во количина од 220 тони месечно.

Пакомак преку својата собирачка мрежа собира над 20.000 тони отпад од пакување годишно. Над 50% од овие количини, Пакомак директно ги собира со 20-тина комунални претпријатија низ земјава, но и преку воспоставена мрежа за селекција на отпадот во компаниите-членки на Пакомак, угостителските објекти, училиштата и дел од институциите“ изјави  Филип Ивановски,   генерален менаџер на Пакомак.

 

Според последните активности на Пакомак, каде во фокус е стаклената амбалажа,  од  ХоРеКа каналите се собираат над 140 тони месечно и тоа собирање на неповратна стаклена амбалажа од хотели, ресторани и кафулиња каде завршува над 50% од стаклото.

Во моментов во рамките на градот Скопје, Пакомак  соработува со над 500 угостителски објекти, а низ РМ започнува интензивна соработка со сите ХоРеКа објекти во повеке од 13 градови. Како што не информираат од Пакомак, тој број во иднина се планира да се зголеми.

Од контејнерите за население  вкупно се селектира нешто над 80 тони. Во моментов контејнери за стаклен отпад, Пакомак има поставено во 17 градови, а бројката во иднина ќе се зголемува. Во некои од градовите Пакомак соработува и со Јавните комунални претпријатија, а во некои тие ги ангажираат приватните оператори за сервисирање на контејнери.

Како забелешка Ивановски појаснува: „Потребно е, што е можно побрзо носење стратегија на национално ниво за доопремување на ЈКП со потребната опрема со цел да можат да одговорат на нивните обврски во однос на сервисирањето на контејнерите кои што ги поставува Пакомак, бидејки тоа е всушност и нивна законска обврска за која што имаат ексклузивитет согласно законот.“

 

 

 

Translate »