Европска агенција за животна средина: Македонија е најзагадена земја во Европа
Македонија е најзагадената земја во Европа со загадување дури десет пати повеќе од препорачаните граници тврди во своето истражување Европската агенција за животна средина, пренесува „Еуроњуз“.
Големиот сообраќај и употребата на печки за греење предизвикуваат зголемување на ПМ10 честичките во воздухот и сериозни последици по здравјето на луѓето.
Загадувањето на воздухот во Скопје претставува закана за сите граѓани. Многу пациенти доаѓаат во нашата клиника поради ова. Валканиот воздух предизвикува проблеми кај лицата со респираторни заболувања, како што се астма, емфизем и други хронични кардиореспираторни и белодробни заболувања. Тоа предизвикува влошување, а луѓето одат амбулантски третмани, а некои дури и треба да бидат хоспитализирани поради овие нечистотии, велат пулмолозите.
Владата по две години превзеде амбициозна цел за подобрување на квалитетот на воздухот за 50 отсто.
Според надлежните главните проблеми произлегуваат од системите за греење на домовите во нашата земја. Во Скопје – особено во семејствата со ниски примања – луѓето сеуште се греат на дрво, но, за жал, често горат и пластика, отпадни моторни масла и така натаму.
ЕУ им помага на владата во борбата против загадувањето на воздухот. Но, со оглед на социо-економската состојба на земјата, оваа задача е крајно тешка, а во блиска иднина да се справи со проблемот ќе биде тешко , вели дописникот на „Еуроњуз“ Борис Ивановски.