Уредениот двор е најдобрата реклама за една компанија!

Ова е едно од клучните прашања што си го поставува секој сопственик на бизнис или генерален менаџер. Одговорот не е едноставен, напротив, зависи од повеќе фактори. Еден од најчесто занемарените, но исклучително важни фактори е просторот пред компанијата. Уредениот двор не е само естетика, напротив тој создава позитивна енергија и остава силен прв впечаток.

Партерното уредување на деловниот објект претставува своевидна хоризонтална фасада. Кога е во склад со архитектурата, создава моќна визуелна слика која веднаш го привлекува вниманието. Уредените зелени површини остануваат во меморијата на посетителите и го задржуваат нивното внимание подолго. Дополнително, природниот амбиент предизвикува пријатни чувства, кои посетителите несвесно ги поврзуваат со самата компанија.

Позитивно влијание врз вработените. Истражувањата покажуваат дека условите за работа и хармоничната средина се клучни за мотивацијата на вработените. Не е случајно што многу успешни компании создаваат зелени зони и мали градини за релаксација. Контактот со природата: ја подобрува концентрацијата, го намалува стресот, го зголемува задоволството од работата.

Но. позитивно влијае и врз клиентите, кои ја доживуваат компанијата како поорганизирана и грижа. Поради тоа хортикултурното уредување не треба да биде инвестиција која се прескокнува. Напротив, ова треба да е една од најисплатливите „споредни“ инвестиции.

Доколку располагате со ограничени средства, избегнувајте: купување на неколку скапи, но несоодветни растенија и нивно несистематско распоредување без концепт. Наместо тоа: консултирајте се со пејзажен дизајнер, тој ќе направи план усогласен со архитектурата. Дури и со помали растенија, за 1–2 години може да се постигне одличен ефект.

Доколку не сте подготвени за целосно уредување: поставете агро-фолија против коров, користете декоративен камен  и додадете зимзелени растенија или декоративни треви во групи.

Инстант градините можеби изгледаат импресивно, но бараат строго одржување. Без соодветна грижа, ефектот е краткотраен, „убаво, но кратко трае“.

Дворот е најдобрата реклама за една компанија!

Уредениот простор: покажува професионалност, ја истакнува грижата за околината и ја подобрува корпоративната слика. Со еден поглед, клиентите добиваат впечаток за вредностите на компанијата.

Инвестирањето во уредување на дворот, влезот, терасите и канцелариите е мала инвестиција со големи долгорочни ефекти. За најдобри резултати, секогаш е препорачливо да се консултирате со пејзажни експерти кои знаат како правилно да го обликуваат просторот.

Во Градинарски центар Фоја, кој се наоѓа на Бул. Борис Трајковски бр. 152 А (поранешна Првомајска), заинтересираните можат да се обратат за консултации и совет, а воедно може да одберат нешто од широкиот асортиман на декоративни садници. Фоја проектира и изведува пејзажни проекти, за приватни, деловни и јавни површини. Повремено и тековно одржува зелени површини. Телефон: 2 772 046, преку маил адресата fojako@yahoo.com или преку фејсбук страната https://www.facebook.com/GradinarskiCentarFoja

Translate »