Бидете дел од смути револуцијата
Смути- оброците во чаша станаа вистинска сензација, го обиколија светот и во еден миг станаа тренд кој успешно опстојува на нашите дневни менија уште од самиот почеток. Оваа нутритивна бомба за кратко се претвори во наш омилен појадок.
Направете го она за кое што вашиот организам би ви бил благодарен. Смутито не само што е превкусно, туку важно е што во него, не недостасуваат хранливи елементи кои не одржуваат енергични, здрави, сити и во добро расположение.
Децата го обожуваат, па така се отвора можност на интересен начин, во менито да им ги проврете сите оние намирници кои инаку одбиваат да ги консумираат и со тоа да им ја одржите дневната количина на витамини, влакна, минерали, јаглехидрати, протеини и здрави масти на добро ниво и да ги одбегнете суплементите во исхраната.
Смутито е совршениот оброк од неколку аспекти. Се подготвува за кратко време, кога истото станува сè подрагоцено, не држи сити до наредниот оброк, па така потребата за ужинка помеѓу оброците се намалува а бидејќи состојките темелно се процесираат, консумирањето смути го олеснува варењето со што се подобрува работата на дигестивниот систем и лесно се губат килограмите. Секако за вистински да ги почувствувате бенефитите по здравјето, мора добро да се информирате при изборот на состојките за вашето смути. Секоја состојка е позната по некое свое специфично својство, а Smoothie To Go – новиот безглутенски, револуционерен производ на Виталиа, достапен во 5 вкусови, совршено се вклопува во модерниот животен стил и одговара на нутритивните барања на сите потрошувачи, кои се константна инспирација за иновација во прехранбената индустрија.
Доколку имате проблем со вишокот килограми – црвена и виолетова се вашите бои!
Калинките, цвеклото, боровинките и јагодите ќе направат чудо за вашето тело и ќе ви ја зајакнат крвта додека со леснотија губите килограми, а семето од лен и житарките ќе ве држат сити доволно долго да не посегнете по друга ужинка помеѓу оброците. Доколку немате време да го приготвите сами, Виталиа е тука за вас! Smoothie To Go – Slim& Diet е токму она што го препорачуваме за успешно намалување и регулација на телесната тежина.
Портокалово и жолто за јак имунитет!
Во зимските денови кога вирусите и гриповите демнат зад секој агол, вашето тајно оружје нека биде Immuno boost смутито на Виталиа кој пред сè изобилува со огромна количина на витамин Ц. Отворете ги очите и започнете го денот со освежителен микс од портокал, ѓумбир, кокос, куркума и јаболко додека житарките семките и урмите се грижат да ве одржат сити до наредниот оброк.
Направете „генералка“ на организмот!
Штетните отрови кои ги задржуваме во организмот се број еден причинител за посериозни болести. Green Detox смутито на Виталиа, на природен начин ви помага да го прочистите телото од штетните токсини а во исто време и да останете сити. Овозможете му ја на вашето тело единствената мешавина од спанаќ, спирулина, ѓумбир, јаболки и специјално одбрани житарки и семки и од него ќе зрачи зелено светло.
Мускули од челик!
По интензивен тренинг, протеинска бомба од растително потекло е она што на вашето тело му треба. Брзо и ефикасно регенерирајте ги мускулните влакна со Cocoa Pea Protein смути од Виталиа и предадете се на слаткото задоволство составено од какао, кокос, банана, урми како и скапоцен протеин од грашок и посебно одбрани за вас житарки и семки.
Секогаш свежи и подмладени!
Изберете антиоксидант смути за здрава ужинка која ќе го одржува вашето тело витално, а вашите органи комплетно заштитени. Богатиот склоп на моќни антиоксиданти е совршен против борбата со слободните радикали. Antioxidant Berry смутито на Виталиа ги гали вашите сетила со слатко – киселиот вкус на смоква, јагода, брусница и урма а резултатите многу брзо ќе се покажат и на вашето лице, кожа и коса.
Виталиа, која континуирано се фокусира на доведување на трендовите за здрава храна на македонскиот и светскиот пазар, креираше 5 производи скроени по сечија мерка кои ги задоволуваат диететските потреби на секој поединец.
Секоја состојка е внимателно одбрана и содржи витамини, минерали и биоактивни компоненти кои го зајакнуваат организмот. Овој производ кој нуди мноштво здравствени и нутритивни бенефити е погоден за вегани и нема додаден шеќер.
Како да подговите Smoothie To Go Виталиа
Промешајте 2 супени лажици од смутито во 150мл вода ( или друг напиток: јогурт,млеко…) оставете да отстои 1-2 минути и повторно промешајте. Напитокот е готов! Уживајте!