Не се знае дали прислушуваните разговори се злоупотребени
Максимален број на истовремени повици 200 со вклучено снимање на разговорите. Вграден систем за складирање на податоци, конфигурации, снимки и говорна пошта со капаците од 1ТB – целосно редудантен. Управување со снимени разговори. Оваа се трите спецификации во тендерот распишан во 2013 година од Државното Обвинителството кога се набавувала телефонската централа. Токму тие укажуваат дека уште во 2013 тата сепак некој имал цел да ги снима разговорите на обвинителите од нивните фиксни телефони. Но тие не се единствение. Се снимале и разговорите преку централата на судиите во Кривичниот суд. Прашањето кое се отвора е во чие уво заршувале прислушувањата.
- Иако пронајдените податоци со снимени разговори на двата хард диска од телефонската централа датираат од 30.09.2016 година, постојат индиции кои укажуваат дека снимањето траело од набавката и инсталирањето на опремата, односно од 2013 година. Во таа насока, се проверува и дали снимените разговори биле избришани или пренесени на друг уред, соопштија од Основно јавно обвинителство
- Не би коментирале бидејќи се работи за предистражна постапка. Откако добивме сознанија дека е можно судиите да се прислушкувани направивме проверка и сега судиите не се прислушувани. За претходниот период истрагата ќе утврди дали навистина имало прислушување и од кого било нарачано, велат од Суд Скопје 1 – Скопје
Во скандалот кој вчера го обелодени обвинителството, доцна вечерта се замеша и премирот Зоран Заев. Додека тој ја објави информацијата дека се прислушкувало и во кривичен, од МВР молчат. Нема никаква информација дали и други институции и кои се прислушкувани и за чии потреби.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски со фејзбук статус посочи дека ова е црниот вотергејт за оваа влсат.
- Од 2016 та година министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски од СДСМ што значи дека ако имало прислушкување тоа е во целиот период додека овој човек е министер и во целиот мандат на оваа влада на Заев. Клучното прашање е кој располага сега со разговорите, кој ги држи уценети, кое обвинителство сега ќе ги истражува разговорите за да утврди кој диктира обвиненија и суди неправда (секако не смее тоа да биде политизираното СЈО), какви разговори има и дали поради тие разговори премиерот Заев предвреме ги погодуваше точните пресуди и висини на казни, вели Христијан Мицкоски – лидер на ВМРО ДПМНЕ
Во зграда покрај Вардар обвинителстовто се всели во 2013 и тогаш таа беше опремена. Во тоа време државен обвинител беше Марко Зврлевски но тој негираше дека знае нешто за прислушувањата. Кога е набавена опремата за кривичниот суд за сега нема информации. Преземено од telma.mk