Супер мајка: За 75 секунди, три пати ги спасила своите деца од сигурна смрт
Некои животни ситуации понекогаш повеќе наликуваат на филмски сцени отколку на реалност. Во тоа лично се уверила и една млада жена која за околу една минута, дури три пати го спасила својот, но и животите на своите деца.
На снимката која е направена во градот Росарио и која е објавена кон крајот на ноември, се гледа како едно возило излетува од патот и се движи кон мајката и нејзините деца. Возачот на пикапот наводно имал здравствени проблеми поради кои изгубил контрола над автомобилот.
Мајката и децата стоеле покрај семафорот, кога возилото за малку не ги удрило. Мајката, во тој момент ги повлекла децата на улицата и со тоа го избегнале налетот на возилото, по што се заштитила себеси но и нив и од семафорот, кој паднал по ударот на автомобилот. На крајот од оваа бизарна ситуација, таа го повлекла едно од децата настрана за да го избегне таксито кое поминувало на улицата.