ЗА КОГО ЌЕ ИМА АМНЕСТИЈА, А КОЈ ОСТАНА НАДВОР ОД ПРОЦЕСОТ?

Нема амнестија за Чавков и уште тројца обвинети од МВР, Радулов, Марковски и Лазаров. Пратениците Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов ќе бидат амнестирани, објави Телма.Постигнат е компромис за текстот на законот за амнестија кој треба да го одобри координативното тело за помирување, по што ќе влезе во собраниска процедура по скратена постапка. Амнестијата ќе биде селективна и нема да ги опфаќа организаторите и насилниците од настаните од 27 април. Судскиот процес и натаму ќе продолжи, но со друга преквалификација.

Секое лице кое ќе биде опфатено со амнестијата ќе треба да поднесе барање дали ја прифаќа или не. Јавната обвинителка Вилма Русковска која го го води предметот, вели дека се уште не го видела законското решение. Дали и каква преквалификација ќе има, ќе зависи од текстот на законот. 

Амнестијата  за дел од обвинтетите беше еден од условите на осумте пратеници за давање на својот глас за отпочнување на постапката за уставни измени.

Translate »