Љушев: 5G технологијата ќе го смени светот
„Интернет на нештата“, вештачка интелигенција, роботика, виртуелна реалност, на прагот сме на нова индустриска револуција која ќе го смени не само начинот на којшто комуницираме, туку и оној на којшто живееме. Што точно новата технологија ќе направи за нас, зошто ни е потребна, како ќе го направи нашиот живот подобар, општеството похумано?Кои се ризиците што може да ги донесе, како ќе се справиме со нив? А каде е Македонија во целата глобална приказна за дигитализација и 5G? Разговаравме со Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, инженер по вокација и човек со долгогодишно искуство во телекомуникациската индустрија.
Во едно поинакво интервју Љушев говори за 5G технологијата која е белег на новата генерација, за новата индустриска револуција ама и за предизвиците од неа.
Сè почесто се зборува за „Интернет на нештата“ за 5G – технологијата на новата генерација, за новата индустриска револуција, за последиците од тоа…
Љушев: Токму така, 5G за човештвото ќе биде она што парната машина беше за првата индустриска револуција, електричната енергија за втората, а компјутерите и информатичките технологии за третата. Она што претстои, а што во моментов само можеме да го насетиме навестува дека новата индустриска револуција целосно ќе се смени светот во кој живееме. Не само што ќе се комбинираат физичкиот, дигиталниот и биолошкиот свет, туку веројатно ќе се смени и самата суштина, па и природата на човекот, каков што постои денес. Со развојот на вештачката интелигенција ќе се доведе под прашање, што воопшто значи да се биде човек, односно „homo sapiens“. Доколку до сега човековата еволуција се случувала во релативно долг временски период по природен пат, спојувањето на дигиталните можности во биолошките системи може да донесе да продолжиме да еволуираме во сосема нова насока.

Што ќе ни донесе тој квантен скок во технологијата, што ќе се смени во општеството, во секојдневниот живот?
Љушев:Не постои индустрија или област која ќе остане имуна на револуционерните промени што ќе ги донесе дигитализацијата, вештачката интелигенција, виртуелната или продолжената реалност и роботиката. 5G ќе биде крвотокот на оваа последна индустриска револуција и ќе донесе квантен скок во три димензии: екстремно брз податочен проток со брзини од неколку Gbps по корисник, енергетски ефикасна комуникација на огромен број машини или сензори и ултра доверливи комуникации во реално време.
Токму доверливата комуникација во реално време ќе биде една од главните придобивки на 5G технологијата. Замислете на патиштата автономно управувани автомобили, камиони, машини и роботи кои координирано функционираат благодарение на 5G… Сето ова звучи навистина футуристички, но многу извесно е дека наскоро ќе биде нашата реалност. Или традиционалната медицинска дијагностика да биде заменета со дијагностика на далечина благодарение на сензори во вашиот мобилен уред, паметен часовник или чип имплантиран во телото со што ќе се овозможи да се забележат физиолошки или хемиски промени во организмот во рана фаза, многу порано од појавата на првите симптоми. Замислете инвазивни медицински зафати во рурални подрачја да се вршат од далечина со помош на роботи кои се поврзани преку 5G со врвни медицински установи, каде што хирургот успешно оперира со помош на технологијата на виртуелна реалност и посебни сензори кои праќаат повратна информација, сензори со кои може да се почувствува цврстината и конзистентноста на ткивото или пулсирањето на срцето.
Зборуваме за похумано општество?
Љушев: Зборуваме за можности за похумано општество, замислете само колку сообраќајни несреќи ќе се спречат со автономните возила, во моментов има повеќе жртви од сообраќајни несреќи отколку од тероризам или војни. Доколку добро и паметно се искористат овие можности, технологијата треба да ни донесе подобрувања во сите сегменти на животот. Ќе ни овозможи операции од далечина, ќе можеме да го пресоздаваме односно да го „поправаме“ човечкото тело, ќе ни помогне да предвидуваме поплави, земјотреси, пожари, да ги заштитиме загрозените видови…
Ако погледнеме наназад, ние веќе живееме во похумано општество, само направете споредба со начинот на кој нашите предци живееле пред стотина години.

Се чини дека технологијата галопира последниве децении.
Љушев: Токму така, ако донесеме човек кој живеел во првите векови на новата ера одеднаш во 1800 година, културолошкиот и социолошкиот шок би бил помал, отколку некој од 1800 година да го донесеме во денешно време. Се чини дека последните 200 години се случувале многу поинтензивни и пофундаментални промени отколку оние за кои човекот бил сведок во првите 18 века. Истиот феномен на експоненцијално забрзување на промените го забележуваме и во технологијата, на пример со удвојување на мемориските капацитети и моќта на компјутерските процесори на секои 12-18 месеци изминатите 50-ина години.
Во суштина, од една страна имаме биолошки системи кои еволуиралево долг временски период и се чини дека сега стагнираат со тоа што гидостигнале лимитите на својот развој. Од друга страна, технолошките системиможат да бидат одговор на инхерентните ограничувања на биолошките системи.Симбиозата на технологијата и биолошкиот свет би придонела да живееме подолго,поквалитено и покреативно. Според Јувал Харари, израелски историчар и автор набестселерите „Сапиенс” и „Хомо Деус“, човештвото ја достигнувакритичната маса на знаења во дигиталните и био-технологиите со што сеовозможува во иднина преку вградени сензори и процесори да ги надминемебиолошките ограничувања во когнитивните способности и на тој начин даеволуираме галопирачки. Генерацијата која во моментов ја населува нашатапланета ќе го сведочи сопствениот премин во нова еволутивна фаза. Затоаедукацијата на новите генерации што ќе го водат светот утре е многу важенсегмент во целата приказна и на тоа треба да се работи.
poveke na faktor.mk
https://faktor.mk/ljushev-so-5g-tehnologijata-kje-go-smenime-svetot

