Страшно невреме го погоди Мадрид: За неколку минути во шпанската престолнина настанал вистински хаос

За половина час во главниот град на Шпанија наврнале 40 литри дожд на метар квадратен, а невремето било проследено и со врнежи на град.

Страшно невреме го погоди Мадрид минатиот викенд. За само половина час во југоисточната населба Арганде наврнале 40 литри дожд на метар квадратен, по што улиците се претвориле во реки. Оштетени се најмалку 50 автомобили, а невремето било проследено и со врнежи од град.

„Изгледаше како небото да се сруши. И сето тоа се случи за секунда“, изјави Марио Пиказо, експерт за климатски промени кој што направил видео од катастрофалното невреме кое ја погоди шпанската престолнина.

Ваква бура жителите на Мадрид не паметат со децении, а областа Арганде практично била отсечена од остатокот од градот. Засега информации за повредени граѓани во невремето нема.

Translate »