(ВИДЕО) Деца украле автомобил и пропаднале во дупка кај „Сити Мол“
Вчера вечер во 08:40 часот во СВР Скопје е примена пријава од М. Ш. (36) од Скопје дека во периодот од 18.12.2018 година од 19:30 часот до 19.12.2018 година до 04:30 часот од паркинг простор кај Транспортен центар од страна на непознат сторител е одземено возило Пежо со скопски регистерски таблици, најверојатно со оригиналниот клуч, кој бил во контакт бравата на возилото.
По преземени мерки и активности од страна на СВР Скопје, утврдено е дека делото го сториле 13-годишно момче- штитеник на ЈУ 25ти Мај и уште едно 13- годишно и едно десетгодишно момче.
Но, момчето кое го управувало возилото околу 03 часот на бул.Илинден изгубило контрола над возилото и се превртело во канал каде се изведувале градежни работи. Трите момчиња се пренесени во ГОБ 8-ми Септември.
За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Скопје, како и родителите на малолетниците и социјален работник. По документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок.
VIDEO https://www.facebook.com/tvsitel.mk/videos/340373813461275/?t=36