Путин се жени!
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека веројатно ќе треба повторно да се жени, но за кого не прецизираше. Ова беше кажано на неговата голема годишна прес-конференција.
66-годишниот Путин, кој љубоморно ги чува приватноста на личниот живот и овој на најблиското му семејно опкружување, одговори на прашање поставено од новинар.
“Како пристојна личност, ќе морам да го сторам тоа во еден момент”, рече Путин со насмевка.
Путин беше во брак со Људмила Путина од 1983 до нивниот развод, објавен во 2013 година.
Нивните ќерки, Катерина и Марија, и двете во почетокот на 30-те години, не учествуваат во политиката и остануваат цврсто надвор од центарот на вниманието.
Откако Путин се разведе од својата сопруга Људмила, имаше разни гласини за неговиот личен живот. Руски весник објави дека тој е во врска со Алина Кабаева, поранешна ѕвезда на руската уметничка гимнастика, иако Путин го отфрли тврдењето.
“Ројтерс” пренесе дека во 2016 година бизнисмен близок на Путин е префрлил сопственост врз имот на сестрата и бабата на Алина Кабаева.