Милошоски: ДУИ бараше 5000 евра за вработување
ДУИ им бараше по 4-5.000 евра на Албанци за вработување според Рамковен договор, обвини предмалку во парламентот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ за време на дебатата за Законот за јазици.
-Зошто даночните обврзници Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци кои работат и плаќаат даноци, да плаќаат за некој кој не може да им даде услуги како државен службеник – рече Милошоски, според кого Законот за јазици служи да потикнува национални и политички поделби.
Воедно, тој праша зошто градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, не ја пријавил во Антикорупциската комисија големата куќа во Бутел, каде што, според него, тој живее?