Хороскоп за 2019-што да очекувате!
Што ќе ја одбележи вашата година? Што ќе ви се случува, што ќе треба да правите, а што да избегнувате? Новата година за многумина значи шанса за нов почеток. Сепак, понекогаш пред да планираат било што, луѓето сакаат да се посоветуваат со ѕвездите, планетите и астролозите.
Овен
Ќе работите на сопствената трпеливост и подобро е да размислите пред да скокнете во некој проект или да застанете зад некоја идеја, ако сакате да почувствувате внатрешен мир и стабилност.
Бик
Ќе бидете активни и повеќе ќе се забавувате, обидувајќи се да ја промените вашата склоност кон комодитетот и стагнацијата, при што успешно ќе излезете од зоната на комфорот.
Близнаци
Ќе сфатите дека не мора постојано да правите нешто и дека некогаш смее да се опуштите и притоа да си дозволите еден цел ден само за себе, во кој ќе се оддалечите од светот и работата, а наместо тоа ќе правите нешто само за ваше лично задоволство.
Рак
Нема повеќе да дозволувате другите да ве гушат со нивните проблеми, бидејќи ќе сфатите дека тоа ве исфрла од колосек и ве вади од такт, а дури би можеле и да научите и како да се насмевнете на туѓите мани.
Лав
Ќе тежнеете кон тоа да правите убави и добри работи за луѓето кои ги сакате, не само во посебни прилики или од некаква корист, туку само за да им покажете дека се грижите и за среќа, луѓето ќе знаат да го ценат тоа.
Девица
Ќе ви стане јасно дека светот нема да се распадне ако ја оставите облеката на земја или ако чевлите не се симетрично распоредени во плакарот, ниту пак ако повремено сте трапави, и во целиот тој хаос ќе го пронајдете вашиот личен мир.
Вага
Како знак кој сака да им угодува на другите, но и себеси, ќе сфатите дека понекогаш сепак треба да застанете цврсто на земја и да припазите на финансиите, бидејќи пренапорно работите за да се расфрлате со парите како да се ништо.
Скорпија
Полесно ќе го совладувате вашиот жесток темперамент и ќе бидете пообѕирни кон другите, откривајќи дека не сите луѓе се силни како вас, па не би сакале со своите импулсивни реакции да повредите некој за кого навистина се грижите.
Стрелец
Имате остар ум и сте директна личност, но сепак оваа година ќе биде воздржани и повеќе ќе внимавате на она што го кажувате, за вашите искрени коментари да не повредат сакани личности.
Јарец
Повеќе ќе се смеете и забавувате, кога ќе сфатите дека животот го сфаќате пресериозно, заради што досега низ годините сте биле тажни и молчаливи, кога другите биле полни со радост.
Водолија
Секогаш знаете да го дадете правилниот совет на другите, но досега ви било тешко да примите сугестија, што ќе се промени во 2019-та година и ќе ви донесе поголема емпатија, споделувајќи ги своите болки и разочарувања со блиските.
Риби
Заради вашата добронамерна природа, луѓето често знаат да ве искористат, но во 2019-та ќе научите повеќе да ѝ верувате на интуицијата, која ќе ве предупреди дека во светот постојат луѓе кои едноставно треба да ги избегнувате.