Чавков не поднел барање за амнестија, смета дека е невин

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност во времето на упадот и насилството во Собранието на 27 април 2017 година, не поднел барање за амнестија, според новиот закон. Рокот за ваквите барања истече вчера.

Информацијата ја кажа утрово адвокатот Сашко Дукоски, бранител на Чавков, пред денешното рочиште за упадот во Собранието.

Според Дукоски, Чавков сака да докаже пред судот дека не е виновен и, според него, Законот за амнестија е донесен и составен наменски за одредени луѓе кои се обвинети во случајот за „крвавиот четврток“.

Translate »