Зоран Заев: нема да се кандидирам на претстојните претседателски избори, и да ја обезглавам партијата како што направи Бранко Црвенковски!

Премиерот Зоран Заев нема да се кандидира на претстојните претседателски избори, кои како што претходно најави претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе ги распише на почетокот на февруари. Има многу причини зошто не, рекол тој, првенстгвено тоа е обезглавување на партијата како на  времето на Бранко Црвенковски, по што се урниса СДСМа второ тоа ќе предиззвика и штета за државата , поради што треба да се истера првин цел 4 годишен мандат,  да не се остават во незивесност ниту државата ниту партијата.

Заев, како што информираат владини извори, поддржува одржување парламентарни избори заедно со претседателските,  тоа нему би му одговарало,  ама тоа би личело на  „груевизам“ кој правеше избори на две години. Тој додава дека   за тоа треба да се прашаат и коалициските партнери, а некои од нив баш и не ја поддржуваат таа идеја.

За него клучно е идната година Владата која тој ја педводи да се фокусира  на економија, и ако изминатата е со белег на преспанскиот договор и соседите, усогласување на уставните промени , за наредната фокусот мора да биде на економијата.

Сепак најголемиот дел од анкетираните граѓани го гледаат премиерот Заев на претседателската функција, покажа неодамна објавеното истражување на јавното мислење, спроведено од МЦМС и Телма. Заев исто така се јавува со највисок рејтинг и како евентуален консензуален кандидат. За него би се определиле најголемиот број од Македонците и Албанците.

На прашањето доколку утре се одржат претседателски избори за кој кандидат би го дале својот глас, 12,4 отсто од испитаниците се определиле за Заев, а 8,2 отсто за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и за министерот за надворешни работи Никола Димитров.

За Стево Пендаровски би гласале 6,8 отсто од испитаниците, пет отсто својот глас би го дале за Бујар Османи, додека за Имер Селмани, кој веќе еднаш се проба во претседателска трка се одлучиле 5,8 отсто од анкетираните.

По нив следат Теута Арифи со 3,4 отсто, Тања Каракамишева со 2,7 отсто, Гордана Силјановска и Трајко Славески со по 2,4 отсто. Толку има и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска 2,4 отсто, Оливер Спасовски и Мирјана Лазарова Трајковска добија доверба од 1,4 отсто од анкетираните.  Сепак, мнозинството од анкетираните, односно 19 отсто идниот шеф на државата не го гледаат во ниту еден кандидат, додека 14,9 отсто се уште не одлучиле. Како евентуален консензуален кандидат, што е став на ДУИ, најголема поддршка и кај Македонците и кај Албанците има премиерот Заев. За него би гласале 10,2 отсто од Македонците и 11,2 отсто од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски. Заев  како што тврдат владин и извори изричито рекол НЕ за негова кандидатура ,а како ќе се води битката во партијата за можен кандидат, како велат партиски извори ќе има допрва надавање и битка.

И додека премиерот  Заев е сигурен дека нема да се кандидира на претстојните претседателски избори, но владини извори велат дека во коалицијата не се сигурни оти ќе има доволна излезност на изборите, па не се исклучува можноста од нови уставни измени, овојпат за избор на претседател на државата.

Проценките во владејачката коалиција се дека нема да има излезност од 40 отсто, колку што е пропишано во Уставот, односно на претседателските избори нема да излезат неопходните околу 720 илјади гласачи, што значи дека ќе се влезе во период меѓу изборите и евентуални измени на Уставот во кој функцијата претседател на државата би ја вршел претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

Во меѓувреме би се изготвувале уставните измени за избор на претседател во Парламентот.

Ова се засега неофицијални информации, а собранискиот спикер Џафери на вчерашниот  брифинг со новинарите најави дека претседателските избори ќе ги распише на 2 или 3 февруари, но не ја коментираше идејата претседателот на државата да се избира во Парламентот, за што, како што рече, потребни се дополнителни уставни измени.

Translate »