На амнестираните ќе им останат милијардите и бизнисите, а нас надежта дека некогаш ќе имаме правна и праведна држава .
-На Мијалков и Камчев ќе им останат милијардите и бизнисите, на Мукоски тендерите, на Канческа гардеробата купена со државни пари, а нас надежта дека некогаш ќе имаме правна и праведна држава .
По амнестирањето на дел од учесниците во „27 април“ денес новинарите најавија дека ќе поднесат тужба против државата за настаните од крвавиот четврток, а по тој повод, гостинот во Централниот дневник на 1ТВ, новинарот Томисла в Кежаровски, на самиот почеток поентираше дека новинарите се нај бунтовните.
„Ова што се случува деновиве е навистина грозно. Судот се загуби во ситуацијава, тој даде помилување на организаторите на настанот“, кажа Кежаровски, кој веќе пет години чека Врховниот суд да се произнесе по жалбата, но и дека приоритет станаа оние против кои протестирал, со цел буткање на стариот режим.
„Многу ми е криво затоа што јавноста може да добие впечаток дека заради имплементација на Преспански договор во оваа ситуација, главните кои што ќе придонесат се Мукоски, Василевски и другите амнестирани. Не е вистина, главните кои ќе придонесат за реализација на договорот се семејствата како моето, на оние неправедно осудени. Ние го срушивме режимот“.
Кежаровски истакна дека оние кои заслужуваат да сносат одговорност на крајот не само што ќе бидат амнестирани, туку и ќе ги задржат парите, бизнисите и тендерите.
„Имаме ситуација во која Мукоски и Василевски се веќе неосудувани, јас сум правосилно осуден. Значи ние сме криминалци они чесни. Петта година чекам од Врховен да се произнесе по жалбата, тие молчат како риба и од вчера реков дека ќе применам нова тактика и ќе ги прашам за колку години ќе го решите случајот. Дури јас во една прилика јавно и пред министри реков се согласувам со цела моја морална и било каква одговорност, да ми ја одбијат жалбата со образложение дека сум виновен, за да можам да ги искористам меѓународните институции.
На Мијалков и Камчев ќе им останат милијардите и бизнисте, на Мукоски тендерите, на Канческа гардеробата купена со државни пари, а нас надежта дека некогаш ќе имаме правна и праведна држава“