Љубовниот живот на Ципрас: Ја засакал на 13 години, но никогаш не се оженил со неа!

Грчкиот премиер Алексис Ципрас (44), човекот кој никогаш не се женел и важи за миленик на понежниот пол во неговата земја, е познат и по својата интересна љубовна приказна која што трае 31 година. Како што пренесуваат грчките медиуми, во далечната 1987 година, тој на негови 13 години во средното училиште Амелокипои ја сретнал љубовта на својот живот, Перистера Базиана, позната во јавноста како Бети.

Тие заедно студирале на Техничкиот факултет во Атина и заедно им се приклучиле на младите комунисти. Откако Ципрас, кој бил страстен спортист, го повредил коленото, токму Бети го убедила да се посвети на политиката. Бидејќи живеел во близина на фудбалскиот стадион, тој бил редовен посетител на речиси сите натпревари, посебно кога играл неговиот омилен клуб Панатинаикос. Сепак, политиката станала неговата животна определба.

Младиот пар уште тогаш бил политички активен и заедно предводел неколку протести, помеѓу кои и протестот против непопуларните реформи во образованието. Токму поради улогата и влијанието кои ги имала Бети во неговиот живот, во времето пред да стане премиер, грчките гласачи се прашуваа дали всушност Перистера ќе биде таа која ќе управува со државата од сенка.

Невенчаниот пар, кој со децении живее заедно во Атина, има две машки деца. Тие се обидуваат да го чуваат приватниот живот во дискреција, но сепак Бети, која во Грција ја нарекуваат и дамата која не носи Прада, привлекува големо внимание каде и да се појави. Светските медиуми внимателно го следат секое нејзино јавно појавување, а Гардијан ја опиша како љубовта од детството на премиерот, која е скромна, не купува брендирана гардероба и сама си ја средува фризурата. Семејството е познато и по тоа што не ужива во луксуз, односно живее во областа Кипсели во Атина, која е позната како срцето на работничката класа. Фокус.мк

Translate »