Сашо Ордановски: Груевски за претседател!
Со оглед на тоа што до ден-денешен официјалните ставови на ВМРО-ДПМНЕ со ниту еден збор не се дистанцираа од ликот и делото на својот некогашен партиски претседател, кој и денеска, во бегство, гордо им ја носи таа почесна функција, мислам дека единственото исправно решение за најголемата опозициска партија ќе биде Никола Груевски да го кандидира на претстојните претседателски избори во Македонија.
Да повторам – Груевски за претседател!
Да видиме кои се добрите причини за евентуална ваква одлука на ВМРО-ДПМНЕ?
Прво, затоа што, објективно, немаат подобар кандидат. Со цел респект на сите до сега спомнати фигури од таа партија, Груевски е, објективно, единствениот кој ќе мобилизира партиска поддршка зад себе каква што никој друг не би поттикнал. Имено, неговата кандидатура ќе биде референдумско изјаснување за или против досегашниот „лик и дело“ на Зоран Заев, а омразата кон Заев во таа партија (но и во еден значаен дел во општеството) е, најблаго речено, значителен политички мотив за дишење воздух.
А, кој ќе гласа против Груевски? Па, сите оние кои и онака би гласале против ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи со кандидатурата на Груевски таа партија не би изгубила ниту еден глас кој би отишол за некој друг вмровски претседателски кандидат. (На страна тоа за кого Али Ахмети, всушност, ќе даде инструкции да се гласа или, пореално, да НЕ се гласа на таквите избори.)
Второ, со кој било друг кандидат, ВМРО-ДПМНЕ е соочена со извесно губење на претседателските избори, доколку, на еден или на друг начин, партијата не оди на бојкот на изборите.
…………
целата колумна тука