Што да јадете ако ви се пријаде доцна навечер?
Во овој празничен период честопати не знаеме да кажеме: „доста“ кога е храната во прашање. Сепак, без разлика на празниците, доколку сте од оние што имаат навика да јадат навечер, а потоа имаат грижа на совест и по некој килограм повеќе, тогаш дочитајте го текстов.
Во продолжение следат предлози за тоа што можете да јадете односно грицкате и да се ослободите од чувството на вина:
-Ако чувствувате глад како последица на негативни емоции, наместо храна, обидете се да испиете чај од билки или бадемово млеко со куркума и цимет, кое ќе ви го наполни желудникот, а и полесно ќе заспиете.
-Ако сте навистина гладни, не гладувајте, но важно е што јадете. Нека вашиот избор во тој случај бидат здрави јаглехидрати, масти и протеини како – пола шолја грчки јогурт, или 30 грама сирење, 1/4 шолја јаткасти плодови или 1/4 авокадо, а може и две до три шолји пуканки.
Одличен избор за доцен оброк е грчкиот јогурт со бобинки, путер од кикирики во комбинација со парчиња јаболка, една шака суво овошје, овесна каша или крекери со хумус. Она што треба да го избегнувате се кафе со кофеин, чаеви кои содржат теин, мрсна и пикантна храна, сокови и чоколадо.
Добар избор се и цреши кои содржат мелатонин, како и јаткастите плодови како бадеми, лешници, ореви, бразилски ореви кои имаат висок степен на магнезиум и минерали што го поттикнуваат опуштањето на мускулите и ќе ви овозможат полесно спиење.