Купив чанта за подарок, ми стигна дома и останав зачудена – имало и луѓе со професионален пристап во Македонија
Добро утро, сакам да споделам со вас една убава случка која што ми се случи деновиве. На “Фејзбук” ми излезе реклама за чанти, домашно производство, македонски дизајн,рачно изработени…и ми земаа поглед и внимание. Гледав, разгледував и ми беше мерак да пробам да купам. Се јавив на официјалниот телефонски број на KARO.
Се јави културен дечко го распрашав за производите, кажав шифра се договоривме избрав една помала ташна за подарок. Прво останав зачудена од љубезноста, брзиот начин на нарачка, професионалноста до самата испорака која се случи ден потоа. Второ многу битно, посветено внимание во испораката. Чантата ми стигна убаво спакувана со внимание и со благодарност за нарачаното, воопшто не морав да ја препакувам за подарок. Трето и најбитно тоа што го видов на слика, производот што го порачав, беше внатре и беше идеално ист како на сликата. Дечки секоја чест, да работат сите посветено и добро како Вас, Македонија ќе беше далеку можеби и економска сила во Европа. Јас нарачав втор производ и сите мои пријателки ќе ги натерам да нарачаат, затоа што професионалност и квалитет се навистина реткост.
Првично, ми стигна линк од нивната веб продавница на мојот Фејзбук профил и тука можете да видите за што конкретно ви зборувам.
Интегрална порака од Елена М.