Виталиа ја заврши успешната и јубилејна година со учество на Меѓународниот Саем ANUFOOD 2018 во Пекинг, Кина

Македонската компанија за производство на здрава храна – Виталиа имаше успешно претставување на Меѓународниот Саем ANUFOOD 2018 во Пекинг, Кина. Исклучително важен настан на кој се претставуваат иновациите во прехранбената индустрија,  а компаниите имаат можност да се презентираат пред милионска публика, пред претставници од најголемите компании од Азија, како и пред посетители од Кина,  Јапонија, Малезија, Индија, Индонезија, Кореа, Филипини и други земји од светот.

Виталиа беше дел од т.н. Innovation room -зона каде што се истакнуваат иновации во технологијата,рецептурата и амбалажата на прехранбени продукти. Виталиа, секогаш во чекор со трендовите, беше дел од  оваа зона, каде што се претстави со новото Smoothie To Go, со Raw Bars и безглутенските крекери.

Големиот асортиман на Виталиа беше исто така промовиран и истиот предизвика значителен интерес поради уникатните и високвалитетните состојки, практичната амбалажа и нутритивната вредност. Производите на база на житарици – муслите беа едни од најпопуларните што овозможи остварување на многу контакти со производители, дистрибутери, трговски ланци.

Кина и овој дел од светот се особено интересни бидејќи тука потрошувачите имаат развиено навики за онлајн купување, што е инспирација за македонскиот пазар да се фокусира на поинаков начин на купување кој носи заштеда на време и прилагодување со модерниот животен стил. Тука, Виталиа ја има предноста,  во својата нова веб страна има инкорпорирано онлајн продавница.

 “Станува збор за дел од светот кој нуди многу можности.  Огромен пазарен потенцијал,  шанса за големи извози и постигнување конкурентност во глобални рамки. Пласман и унапредување на позицијата на сите брендови во продуктното портфолио, што воедно може да придонесе кон голем раст и развој на производните потенцијали. Компанијата и понатаму ќе учествува на светските саеми со цел да биде поблиску до светските трендови и иновации од областа на здравата храна со што ќе се обезбеди и долгорочен развој на компанијата”, изјави главниот менаџер за Интернационална продажба, Кети Ќосева.

Translate »