Поп пејачката Мадона со нов изглед!
Поп пејачката Мадона речиси 20 години помина како русокоса, но сега се одлучи за драстична промена.
На својот Инстаграм профил објави фотографии на кои има куса темна коса и изгледа како друга личност.
Не е познато дали навистина се потстрижила и офарбала или пак само се работи за перика, но нејзиниот нов изглед покрена лавина реакции од фановите од кои повеќето се комплиметни.
Темната коса дополнително ја нагласи со пробојно сини очи, што на нејзиниоте фанови особено им се допадна, а еднакво добро и стои залижана и обликувана во локни.