Ципрас до грчките комунисти: Ги заборавивте децата од Ташкент

-Не сакам да ја критикувам Комунистичката партија на Грција врз основа на нејзината историја. Но, ќе го споменам славомакедонскиот буквар што членовите на КПГ го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на Демократската Армија на Грција . Ќе ги споменам и 70-те илјади бегалци од Граѓанската војна, на кои грчката држава им ја ускрати репатријацијата во 1983-та. 

Ниту ќе се осврнам како на Славомакедонката Ирини Гини-Мирка Гинова, првата жена егзекутирана во Граѓанската војна, комунистка. Со овие грижи на совест што ги имате, да си се справите сами.

Ќе говорам политички, нема да се осврнам на историјата на Комунистичката партија на Грција, порача Ципрас.Говорејќи за политичките позиции на Комунистичката партија на Грција, грчкиот премиер ги анализираше нивните аргументи зошто тие се против Договорот од Преспа: првиот е НАТО, вториот- иредентизмот.

.-Да речеме дека ќе ја прифатам целосно вашата анализа дека договорот е диктиран од Западот, од меѓународниот империјализам или не знам што друго може да замислите. Под овој меѓународен договор, земајќи ја предвид волјата на нашите соседи да влезат во НАТО, што секако е нивно прашање. Како КПГ смета дека грчката држава би можела и би требала да ја признае оваа земја? Како? Со кое име? Со кое име? Како ќе ги викаме овие луѓе Што велите? Ни велите дека терминот „Македонија“, самото нивно име е иредентизам. Или јас не го читав добро Ленин кога бев мал или вие нешто не правите како што треба, рече Ципрас во неговиот говор.

Translate »