Погледнете го официјалниот трејлер на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

На неколку дена пред светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија”, Продукцијата „Сестри и Брат Митевски“ го објави и официјалниот трејлер.

Истиот е изработен од страна на агентот за продажба „Пирамид“ од Франција, кој е најсилниот во моментов и кој застанува зад филмови кои ја одбележуваат врвната европска кинематографија.

Инаку, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабараторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.

Уживајте во неколку ексклузивни фотографии од „зад сцената” за време на снимањето на филмот, направени од страна на фотографот Сашо Н. Алушевски.

Translate »