Работилница “Што правиш кога си уморен од сопствените амбиции?”
Значаен
дел од нашиот живот поминуваме во работа. Доколку нашиот труд е проследен со
значење, цел и смисла инспириран од нашите вредности и способности, нештата се
движат со повеќе хармонија. Амбициите и стремежот кон постигнување се високо
ценети меѓу поединци и во општеството, но тие доаѓаат и со својата темна
страна: прегорување, блокада, безидејност кои може да се причина за
демотивација или откажување.
Амбициите и успесите, не се доволни за да бидеме
комплетни личности. Секој од нас има потреба од припаѓање, љубов, нега на себе,
социјализација. Кога недостасуваат овие сегменти, се јавува чувство на
незадоволство од самите себе. Честопати таквото чувство го компензираме со
кариерата и успехот, за да ја покажеме пред себе сопствената вредност. Меѓутоа
во постојаното тежнение кон “уште и уште“, се доведуваме до психичко и физичко
преоптоварување. Тогаш се јавува прегорувањето, блокадата или демотивацијата.
Но, со проширувањето на свесноста за сопствената
љубов, се буди креативноста, се раѓа мотивацијата, целите стануваат појасни и
се фокусираме на тоа што вистински го сакаме и осознаваме зошто го сакаме.
Што е за вас успех?
Дали успехот и дава смисла на вашата работа и
кариера?
Дали амбициите ве прават среќни?
Како се справуваме со прегорување и ја враќаме
мотивацијата?
На овие и многу други прашања дојдете до
сопствени одговори на оваа работилница, на која ќе поминеме низ практични
вежби, кои ќе дадат свежина и нова перспектива кон вашата кариера, личните
амбиции, емоционалното збогатување и креативноста.
Предавачи:
Маја Керамитчиева
Психолог,
Коуч за личен развој, Aquila Development
Менаџер за Човечки Ресурси во NewMan’s Business
Accelerator
Дора Попова Узуновски
Психолог,
М-р на клиничка и советодавна психологија
Гешталт советник
Социотерапевт
Основач на Центарот за применета психологија
“Дора“
16 февруари 2019, 12:00 – 15:30 часот
Место: NewMan’s Business Accelerator Орце
Николов 182а
Цена на работилницата: 800 денари
Контакт за пријавување:
075 310-781; popova_dora@yahoo.com
078 605-351; keramitchieva@gmail.com
Местата се ограничени и групата се формира по
принципот: прв пријавен, прв услужен
Пријавувањето е задолжително.