Дали Димитров е кандидат за претседател на СДСМ?

Пратеникот Артан Груби и близок соработник на лидерот на ДУИ Али Ахмети, отворено ќе лобира за Никола Димитров да биде консензуалниот кандидат на неговата партија и на СДСМ. Груби и Миле Зечевиќ, организациски секретар на СДСМ, по денешната средба на Зоран Заев, претседателот на СДСМ и Ахмети, добија задача оваа недела да најдат заеднички кандидат, јави Алмакос.

На денешната средба во Клубот на пратениците Заев и Ахмети се согласија за тоа дека се за заеднички кандидат за претстојните претседателски избори, но денеска во јавноста не излегоа со конкретни имиња. Биле спомнати 5 имиња за можни кандидати, но засега нема конечен избор.

Повикувајќи се на извори од партијата, Алмакос пишува дека Артан Груби отворено е за претседателската кандидатура на Никола Димитров, актуелниот министер за надворешни работи.

Translate »