ЧОРБА ОД ЦРВЕНА ЛЕЌА
Потребни состојки
- 1 чаша Елиф црвена леќa
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 2 лажици масло за јадење
- 1,2л вода
- 1 супена лажица брашно
- 1 супена лажица ТАТ салца од домати
Подготовка
Во тенџере ставаме масло за јадење и кромид и пржиме на тивок оган. Откако кромидот ќе добие златна боја, додаваме 1 лажица брашно, 1 лажица салца од домати и мешаме. Потоа ја додаваме црвената леќа, морковот и повторно мешама, малку да се пропржат. Ја додаваме водата и вариме на тивок оган , додека морковот и леќата не омекнат. Зачинуваме по вкус со сол, мешан зачин и црн бибер. На крај целата смеса ја матиме во блендер, додека не се добие кремава целина. По вкус сервирајте со лимон.
А сите овие состојки можете да ги купите во Рамсторе!