Бејли: Најмногу ќе ми фалат луѓето, најмалку загадениот воздух

Американскиот амбасадор Џес Бејли, пред завршувањето на мандатот на Фејсбук објави поздравно видео, каде одговори на педесетина прашања поврзани со неговиот престој и работата во Македонија.

На прашањето што најмногу ќе му недостига тој без двоумење одговара: „Тоа се луѓето”, а на прашањето што нема да му недостига, одговри: „Загадениот воздух“

На прашањето дали е вистина дека влијаел врз најголемиот дел од политичките одлуки во  Македонија, тој шеговито вели.

„Не, за жал, не, но влијаев врз времето благодарение на ХААРП-от.

Според него најголеми предизвици за политичките лидери во Македонија ќе бидат владеењето на правото и подобрувањето на економијата.

https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/2309974889291324/?t=0


Translate »